четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Интересно е тоа што овој пијалок е буквално 3 во едно, ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2019 22:57

Витаминска бомба: Чудо од пијалок кој го намалува притисокот, килограмите но и го јакне имунитетот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми но и воедно да внесат разни витамини ова е вистинскиот пијалок кој е богат со хранливи продукти, витамини, влакна и минерали! Еве како да го направите сами…

Пијте го сокот наутро на празен желудник, а потоа уште два пати во денот по една чаша

Интересно е тоа што овој пијалок е буквално 3 во едно, ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Потребни состојки за подготовка:
4 средни моркови
2,5 см корен од ѓумбир
2 лимони (излупени)
2 чешниња лук
1 лажица јаболков оцет

Начинот на подготовка е едноставен :

Најпрво ставете ги сите состојки во соковник, сокот кој ќе го добиете пијте го два дена три пати на ден. Доколку ви испадне поголема количина, слободно ставете ја во фрижидер,но имајте на ум дека не смее да стои подолго од 36 дена.

Ккао што веќе знаеме морковот е првата асоцијација за бета-каротен во фантастични количини. Еден морков содржи препорачана дневна доза на бета-каротен. Морковите ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и спречуваат мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир.

Коренот може да ја олесни болката во мускулите и да го подобри варењето.

Лимонот е можеби и најголем извор на витамин Ц, кој го подобрува имунитетот.

Лукот е природен антибиотик и се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок. Тој е еден од најмоќните борци за вашето здравје а неговото консумирање на празен желудник му прави чуда на организмот, кои не можете ни да ги замислите.

Јаболковиот оцет исто така често пати се препорачува за намалување на килограмите, тој е магичен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрување на варењето, го регулира нивото на шеќерот во крвта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.