Љупчо Николовски, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, е позитивен на Ковид-19.
-Поради лесни симтоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен.
Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме, напиша Николовски на фејсбук.
Во јули 2019 е назначен за генерален секретар на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
Од 4 август до изборот за заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е пратеник во Собранието на РМ!
Од февруари 2014 ја врши функцијата шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Од 15-ти ноември 2015 до 30-ти Декември 2016 г. е дополнителен заменик министер во Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.