Според него, премиерот Заев е многу толерантен и мек во однос на политичките случувања со Бугарија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 декември, 2020 4:34

ВИЦЕ ЗАЕВ: Брат ми е многу толерантен и мек во преговорите со Бугарија

Фото/Текст извор: ©s.pecat

Во политика не планирам да се вклучувам, вели бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев. Тој за Слободен печат вели дека семејството се занимава со бизнис 30 години, во кои, како што истакнува, слогата им донела успех.

-Нашите фирми датираат од 1989-90 година. Почнавме со трговска фирма која што во тоа време ја основал мојот покоен чичко. Земал застапништво за одредени фирми, тогаш беше ембарго и лесно се заработуваше.

На тој начин се стекнавме со голем капитал, се на законски начин. После тоа ние пораснавме, почнавме да преземаме дел од бизнисот и да ги шириме. Се проширивме во повеќе сфери, прехрана, конфекционерство, трговија, градежништво, конзервна фабрика, оранжерии, брокерска куќа…

 За кратко време тие фирми прераснаа во сериозни бизниси, коишто во моментов вработуваат повеќе од 1.000 вработени – вели Заев!

Притоа, тој вели дека ниту тој ниту премиерот немаат врска со компании за медицинска марихуана.

Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, немаме лиценца за одгледување и производство на канабис. Немаме ниту личен дел во фирмите на братучедите. Дури и тие не се сто проценти газди, имаат партнери од Холандија, Германија и Израел. Не сум безгрешен, ама 90 проценти од работите што ми се ставаат на товар не се точни. Самиот факт што никој не се пожалил дека некого сум рекетирал, дека сум влегол во нечиј бизнис или сум му земал нешто што не ми следува зборува дека јас не сум престапник на законот. И тоа што се зборувало е на база на шпекулација, докази нема. Никогаш не „фаќам врски“. Пред некое време ме казни полиција за неносење маска, и најрегуларно си ја платив – истакнува братот на премиерот.

Според него, премиерот Заев е многу толерантен и мек во однос на политичките случувања со Бугарија.

-Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат. Со потезите што ги прави и со Грција и со Бугарија ја става на ризик и сопствената и семејната кариера, но храбар е и тоа треба да се цени – смета Вице Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести