Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата Еленица која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 17:34

Вице и Трајче Заеви и должат на државата над 26 милиони денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според најновата црна листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи на Македонија, може да се забележи дека двете најголеми фирми на братот и братучедот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев и Трајче Заев се наоѓаат на црната листа на должници спрема државата,објави Курир.мк.

Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата Еленица која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.

Но и како Трајче Заев, така и Вице Заев има неподмирени средства спрема државата, имено според УЈП, Вице Заев за фирмата Дравас Инжинеринг  е должен 16.944.150 денари и тоа по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и по основ на персонален данок на доход.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...