По упатените обвинувања дека виновни за прислушкувањето на ОЈО и Кривичен се Груевски, Мицкоски и ВМРО - ДПМНЕ, на Твитер се огласи и претседателот на опозицијата

Објавил: Мартин Попоски | 2 декември, 2018 10:01

Ви фали Мијалков во соопштението, им твитна Мицкоски на СДСМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Твитер го искоментира соопштението на СДСМ.

Во него владејчката партија ја префрла кон него и кон ВМРО – ДПМНЕ одговорноста за прислушувањето на фиксните телефони во правосудните институции.

Откако во јавноста се огласи лично републичкиот Јавен Обвинител со точен датум, 30 септември 2016 година до денес, и премиерот Заев и министерот Спасовски панично вложија труд да ја дефокусираат јавноста, при што напишаа и партиско сооштение.

Во него виновни за прислушкувањете со поранешниот премиер Никола Груевски, актеуелниот претседател, Христијан Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски на ова возврати на Твитер, со пораката:

Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е. – напиша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, претходно на социјалните мрежи ја искоментира и збунетоста кај Заев и Спасовски.

Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава каде луѓето на власт уништуваат и сакаат да управуваат со нашите животи.

Вчера се соопшти скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушувани. Тоа значи дека таму некаде некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува. – напиша Мицкоски.

Според Мицкоски, службите излегоа со информацијата за прислушување на обвинителството и судството, а премиерот Заев истрча да префрли одговорност што само покажува дека си ја ишка мувата од капата и дека што би рекле нашите постари кабаетот е голем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести