Над 200 000 жители и туристи се евакуираат од страв пред разорното цунами , кое лани на истиот остров однесе над 4 340 животи.

Објавил: Перо Милчин | 7 јули, 2019 21:57

ВКЛУЧЕН ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ЦУНАМИ: Силен земјотрес во Индонезија, 200 000 жители се евакуираат!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јак земјотрес го погоди островот Сулавеси во Индонезија со јачина од 7,1 степени по Рихтер.

Силниот земјотрес е со епицентар во Молучкото Море во близина на островот Сулавеси, на длабочина од 10 километри. Тамошните власти предупредија на можно цунами, а со тоа се предизвика голема паника кај населението.

Според пишувањето на медиумите за сега нема информации за жртви, а се знае дека голем број од постарите градби се урнати.

Јак земјотрес го погоди островот Сулавеси во Индонезија со јачина од 7,1 степени по Рихтер.

Над 200 000 жители и туристи во моментов се евакуираат од страв пред разорното цунами. Местоположбата на Индонезија на рабовите на тихоокеанските, евроазиските и австралиските тектонски плочи е причина за бројните вулкани и честите земјотреси.

Индонезија има најмалки 150 активни вулкани вклучувајќи ги и Кракатау и Тамбора кои се познати по разурнувачките ерупции во 19 век. Ерупцијата на супервулканот Тамбора пред околу 70 000 години беше еден од најголемите ерупции и претставуваше глобална катастрофа.

Неодамнешните катастрофи кои се резултат на сеизмичка активност се цунамито во 2004 година во северна Суматра кое имаше околу 167 736 жртви и земјотресот Јогјакарта во 2006 година. Сепак, вулканскиот пепел придонесува за големата плодност на земјата и е причина за големата густина на населеност на Бали и Јава. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...