Владата на СДСМ и ДУИ собра енормно голема сума пари за Референдумот за промена на име а во исто време не задолжи и огласи стотици времени работни места

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 10:28

Владата ги прибира парите кои Собранието ќе ги распоредува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека Владата се уште го крои финансискиот план за кампањата за престојниот референдум  дел од министерствата веќе информираа колку ќе одделат за неа но дел и натаму велат ги прават пресметките.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска мораше да појасни дека сите сретства кои ќе ги пренаменат за референдумската кампања односно 1 милион евра се од сретствата за поддршка на НАТО а не од АРМ.

На кое место се чуваа 1 милион евра за НАТО и што ако НАТО не покани за членство? Пак ќе се задолжуваме?

“Овие средства не се средства кои ќе се искористат ниту приватно ниту политички ниту партиски. Оваа земја со огромно мнозинство одлучуила да стане членка на НАТО и ЕУ референдумот е еден од чекорите кој може да го овозможи тоа.” – вели Радмила Шекеринска.

Иако Шекеринска изостави факти дека одлуката за Договорот за промена на името што е суштинско барање за членство во НАТО е политичка и партиска и во некоја рака приватна.

Сепак поголем дел од министрите ниту денеска не откриваат колку пари ќе пренаменат за кампањата. Велат се ќе биде познато утре кога Министерството за финансии веќе ќе ги има доставено сите информации до Владата.

“Утре е закажана седница на Владата и би оставил Владата да информира околу кампањата која ќе се води за референдумот.” – изјави министерот Сугарески.

Сугарески избегна да одговори за скандалите кои ја тресат Владата на Заев а поврзани со објавување на сомнителни тендери во кои се вмешани највисоки владини и партиски функционери на СДСМ.

И претставниците на дел од парламентарните партии во законодавниот дом веќе на големо влегуваат во кампањата. И оние “за” но и оние кои се “против”. Пратеникот на ЛДП Горан Милевски порача дека кампањата но и самиот референдум е важен за граѓаните и сите треба да се изјаснат. За Фадил Зендели од Беса пак ова е партиска кампања.

“Граѓаните се единствени кои можат да донесат одлука за ова прашање и се разбира ќе го почекаме референдумот за граѓаните да кажат дали ја поддржуваат оваа политика или не.” – вели Милевски.

Додека неговиот колега смета дека не може да се реализира граѓанска одлука преку партиски претставници.

“Мислам дека во одреден момент тоа ќе се трансформира во политичка кампања затоа што пратениците се политички претставени.” – вели Фадил Зендели.

Во меѓувреме пак пари од Владата за антикампања побараа и oд Кризниот штаб за бојкот на референдумот. Сепак велат дека доколку владата остане глува на нивните барања антикампањата ќе ја водат со сретства кои ќе ги соберат и од дијаспората .

“Гледаме дека од министерствата се собираат пари за оваа прескапа кампања. Тие рекоа дека не станува збор за пропагандна кампања туку за информативна. И нашата ќе биде информативна бидејќи луѓето се далеку од информирана.” – вели Солза Грчева.

Колку пари ќе чини кампањата Владата ќе информира утре. За сега само е познато дека таа ќе биде информативна со цел да се споделат информации од јавен интерес околу содржината на договорот со Грција и придобивките од интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Нормално сите премолчуваат што се случува со Договорот со Бугарија кој ни приблично не е силен во аспектот на самонегирање на македонската нација во целина но и јавните барања упатени од НАТО кои целосно се мешаат во општественото уредување и спротивно од Уставот бараат измени на формата на државноста на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.