Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието и се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 15:04

Владата го утврди текстот на законот за стапување на Македонија во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на 174 редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.

– Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието и се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата, соопшти владината прес-служба.

Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса во февруари годинава во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека „ова е историски момент за земјата.

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот“.

-Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време Ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки, изјави Столтенберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести