Одлуките официјално ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Македонија!

Објавил: Владо Марин | 26 мај, 2020 18:34

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Од утре се укинува полицискиот час во Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©Tв 21

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час, дознава ТВ21.

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата кои треба да започнат со работа од четврток (28.05.2020)

Одлуките официјално ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.