Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 28 мај, 2018 13:55

Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8

Фото/Текст извор: ©вести.мк

За помалце од половина година се очекува да заврши изградбата на пругата Битола-Кременица со која се овозможува железничко поврзување меѓу Република Македонија и Грција.

Пругата ке  е со должина од 16 километри, а вкупната инвестицијата изнесува 17,2 милиони евра, од кои шест милиони евра дирекнто од ИПА фондовите, а 11,2 милиони евра од Буџетот на Репубика Македонија.

Се очекува до крајот на ноември овој проект целосно да биде завршен, со цел да овозможиме поврзување на пелагонискиот регион до солунското пристаниште, да го зајакнеме економскиот капацитет на регионот, поврзување со индустриската зона „Жабени“ и други олеснувања за транспорт на стоки и услуги, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на градежните работи на терен.

Сугарески вели дека Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија.

Во наредниот период планираме да бидат обезбедени околу милијарда евра  средства, кои ќе бидат пак искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија. Се надевме дека изведувачите ќе  ги испочитуваат роковите и ќе ја запазат динамиката на сите градежни работи. Пред два месеца остварив  средба со министерот за транспорт и врски на Република Грција на која разговаравме за железничкото поврзување меѓу Република Македнија и Грција. Со реализирањето на овој проект  треба да заживее и бизнисот и економијата кој е од интерес на на двете страни,истакна Сугарески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија