По изјавата на грчкиот премиер дека Чамите никогаш не постоеле, партијата која е коалиционен партнев во владата на Рама, реши да го бојкотира и прејде во опозиција

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 14:44

Владата на Рама остана без “Партијата на Чамите”

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, ја напушти владејачката коалиција на социјалистите на албанскиот премиер Еди Рама и почна разговори со опозициската Демократска партија за заеднички настап на локаланите избори.

Tаква одлука донесе Националниот совет на партијата по барање на лидерот Идризи, поради, како што изјави, „предавството на Владата на премиерот Рама околу прашањето за Чамите“, Албанци протерани од Грција во 1945 година.

Додека албанската страна молчи и без никаква транспарентност води разговори со грчката, се што дознаваме е од грчките претставници. Последно лично (грчкиот) премиер Алексис Ципрас изјави дека се разговара за повеќе прашање, но не и за прашањето за Чамите, бидејќи тоа не постоело.

Ципрас се однесува арогантно негирајќи го постоењето на Чамите, а министерот (за надворешни работи на Албанија, Дитмар) Бушати игра оро со неговиот грчки колега. Во услови кога прашањето за Албанците-Чами со благослов на албанската Влада е избришано, ние ја напуштаме коалицијата, изјави Идризи.

Тој смета дека поради отстапките околу ова прашање, но и се она што Владата „го прави во спротивност со волјата на народот“, Албанија треба да има силен опозициски фронт чиј дел ќе биде и неговата партија.

Идризи ја презеде одговорноста врз себе поради нереализирањето на барањето за прашањето за Чамите на разоворите Тирана – Атина.

Моја огромна грешка е што му поверував на Еди Рама околу решавањето на ова прашање, рече Идризи.

Неодамна грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави дека прашањето на Чамите во Грција ни е отворено ни затворено, затоа што тие не постојат.

Ципрас во духот на демократска Грција, и геноцидост врз Чамите историски ќе се брише

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести