Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

Објавил: Владо Марин | 28 април, 2020 15:10

ВЛАДАТА ПОПУШТИ: На 1, 2 и 3 мај движењето ќе биде дозволено од 5 до 14 часот!

Фото/Текст извор: ©Магазин

На денешната седница на Влада донесовме одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници, објави Премиерот Оливер Спасовски!

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот.

Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот, вели Спасовски!

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести