Вонредниот надзор ќе го врши раководителот на секторот за иснпекцитеки надзор, Афри Саљију, кој, според Илиевски, има конфликт на интереси.

Објавил: Перо Милчин | 8 јуни, 2019 19:04

Владата сака да го заташка скандалот на двајца министри во образованието!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според тврдењата на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски напредувале во своите научни звања, на Правниот факултет, при Државниот универзитет во Тетово, ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор.

Вонредниот надзор ќе го врши раководителот на секторот за инспекциски надзор, Афри Саљију, кој, според просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, има голем конфликт на интереси.

Во писмото кој го објави вчера просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски напиша дека не е изненаден од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Африм Саљиу, со ваквото соопштение бидејќи тие му вршеле притисок со закани да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија, оти ќе трпи последици ако не ги повлече записниците.

Таквите закани биле на одржаниот состанок на 10.05.2019 година во канцеларијата на директорот, каде што биле присутни неговите колеги Предраг, Зоран, Весна, Христина, Даниела, Снежана.

Како што вели Ѓорѓи Илиевски, Саљији не смее ни да влезе во овој факултет бидејќи неговата ќерка работи таму.

-Самото негово одење таму има судир на интереси бидејќи на тој Правен факултет каде што извршивме инспекциски надзор е вработена неговата ќерка. Тоа е судир на интереси тој да истражува. Ќе биде интересно да се види што ново ќе откријат по нашите документи – изјави Илиевски за ТВ 24.

Илиевски откри дека министерот за образование, Арбр Адеми, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, незаконски напредувале во научните звања, иако требало нивната професорска позиција да биде во мирување бидејќи во исто време извршувале функција во Владата.

Илиевски изјави дека со вонредниот надзор ќе се настојува да се промени неговото решение, со цел, како што вели, Инспекторатот да го заташка случајот.

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор и раководител во одделението за инспекциски надзор во високото образование, ги откри незаконските професорски дипломи на министерот за образование, Адеми, и на заменикот во МВР, Нухиу. 

Министерот за образование, Арбер Адеми, иако бил поканет на денешната свеченост, тој не присуствуваше на свеченоста на скопскиот универзитет „Мајка Тереза“ по повод одбележувањето на првата генерација на дипломци. 

Како што пишуваат медиумите Министерот најверојатно не дошол на свеченоста од голем срам, после избивањето на аферата, дека е еден од функционерите кои незаконски напредувале во научни звања на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), кое го откри просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести