Триесетте милиони денари ќе бидат доделени за освоената титула на Р.К.Вардар кој по втор пат стана Европски шампион во ракомет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 0:44

Владата ќе додели 30 милиони денари награда за Р.К. Вардар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната 141 седница Владата донесе одлука да бидат доделени 30 милиони денари на Ракометниот клуб,европскиот првак,  Вардар.

Триесетте милиони денари ќе бидат доделени за освоената титула на Р.К.Вардар кој по втор пат стана Европски шампион во ракомет.

За само три години РК “Вардар“ освои две шампионски титули во европскиот ракомет, што само по себе е пишување на една извонредна спортска историја за цела македонија, но и за самиот европски ракомет. Победата на Вардар силно одекна во целата европска јавност, а особено во земјите каде ракометот е популарен, како што се Германија, Хрватска, Србија, Данска, Полска, Франција и други.

На денешната седницата беше одлучено освен на Р.К.Вардар, парични средства да бидат доделени и на Бесир Алили, и тоа еден милион денари за европската шампионска титула во борење. Алили успеа да ја освои европската титула во категоријата кадети а освен на него, ќе бидат доделени и 300 илјади денари на неговиот тренер.

Бесир Алили, вчера освои златен медал на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија. Тој инаку тренира во македонскиот боречеки клуб „Лирија“ и стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

Инаку до сега во Македонија се нема случено некој да добие затен медал на Европско кадетско првенство, па Алили е првиот кој на нашата држава и донесе ваква титула во оваа вештина.

До сега македонските борачи на кадетските првенства имаат освоено 8 медали од кои три сребрени и четири бронзени, и една единствен златен медал кој вчера отиде во рацете на Алили.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...