Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

Објавил: Владо Марин | 22 декември, 2020 6:23

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ!

Повозрасните граѓани веројатно ја паметат катастрофалната реформа во образованието во СФРЈ скроена од Стипе Шувар, еден од идеолозите на СКЈ.

Тогаш се роди терминот “шуварица”. Тој беше наумил да го впрегне образованието кое требаше да произведува самоуправувачи за потребите на стопанството, пред се производството.

Гимназиите му беа трн во окото. Интелектуалците го нервираа со нивната критички ставови.
Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

Не можам да се изначудам на тајмингот што власта го одбрала за укинување на предметот Историја.

Денес, кога на Македонците им се оспорува историјата, односно им се забранува да ја имаат!

Да излезеш денес со таква мерка значи дека си или бескрајно арогантен или си уплашен дека деновите ти се одбројани и нема да можеш да го испорачаш она што некаде си го ветил.

Министерката вели дека ќе се угледаме на моделот на Финска, земја позната по квалитетното образование. Не мислам дека Финска преку ноќ го вовела тој модел, како што наумиле нашиве.

Реформата мора да почне од педагошките факултети кои ќе треба да испорачаат наставен кадар кој ќе предава според новите курикулуми.

За затекнатите наставници ќе треба соодветна дообука. Вака, преку ноќ, потегот мириса на недоквакано, но опасно политиканство во танцот со ЕУ.

Иделогијата на нашата денешна власт очигледно е сведена на лошо камуфлиран меркантилизам.

Само така може да се објасни итната собраниска постапка за законот со кој ќе се зголеми бројот на државјани, односно бројот на гласачите.

Очигледно, во Собранието, односно во партиските кулоари, се тргува
и на ситно и на ангро. Државата исчезнува од ден на ден на тој пазар на ненаситноста.

Владимир Милчин

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...