Професорот Владимир Милчин денеска ја искоментира и изјавата дадена за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јули, 2019 11:18

Владимир Милчин удри по министерот Адеми: “КАКО НЕ ТИ Е СРАМ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид не остана рамнодушен ни професорот Владимир Милчин, па напиша жесток коментар на својот Фејсбук профил. Тој повторно се огласи на социјалните мрежи и ја искоментира изјавата на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Професорот Владимир Милчин денеска ја искоментира и изјавата дадена за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Нефи Усеини советникот од Општина Охрид, синоќа заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ја пресече црвената лента на церемонијата, по повод отворањето на пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид,

Милчин исто така на социјалните мрежи го искоментира отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид. Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО. 

Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот.

Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира Владимир Милчин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...