Рускиот лидер ќе се занимава со внатрешни работи и ќе има меѓународни телефонски разговори (ќе има дури десет).

Објавил: Владо Марин | 7 октомври, 2020 11:33

ВЛАДИМИР ПУТИН СЛАВИ РОДЕНДЕН: Шефот на Русија наполни 68 години и еве како ќе го помине овој посебен ден

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин денес го слави 68-от роденден. Портпаролот на Кремлј Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател ќе биде на работа утрово.

Рускиот лидер ќе се занимава со внатрешни работи и ќе има меѓународни телефонски разговори (ќе има дури десет).

Според традицијата, Путин ќе го помине остатокот од денот со пријателите и семејството!

Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација) како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години!

Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет. Неговата докторска тема била под наслов “Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи” според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика. Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 година. Исто така, на универзитетот се запознал со Анатолиј Собчак кој подоцна одиграл важна улога во неговата кариера. Анатолиј Собчак во тоа време бил доцент и предавал на Путин!

Двата постари браќа биле родени во средината на 1930-тите. Еден починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека вториот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

Дедото на Путин од неговата таткова страна, Спиридон (1879-1965), бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде честопати престојувал и самиот Владимир Путин.

Потеклото на Владимир е опишано како мистерија без евиденција на преживеаните негови предци поради тоа што нема низ историските документи презиме Путин. Се смета дека неговото семејство потекнува од Тверското кралско семејство. Во семејната книга на Тверскиот регион се споменува името на Путијанин од каде се смета дека потекнува од аристократско семејство, точно од родот на Големиот принц на Твер, Михаил од средниот век. Низ историјата било вообичаена практика семејните имиња поврзани со поранешни аристократски семејства да бидат скратувани, како на пример Путјанин да стане Путин!

Во својата автобиографија Во прво лице кое се базира на интервју со Путин, се зборува за скромниот живот на Путин кој живеел во комунален стан во Ленинград. На 1 септември 1960 година тој започнал да оди во училиштето број 193 кое се наоѓало спроти неговата куќа. Во петто одделение бил еден од неколкуте во класот кој сè уште не бил Пионер, а тоа се должело главно поради неговото палаво однесување. Во шесто одделение започнал да тренира самбо а потоа и џудо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.