Владата на Републикa Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Објавил: admin@magazin | 4 февруари, 2021 13:18

Владино одбележување на 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата на Република Македонија денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.

Владата на Републикa Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани