Во соопштението на Министерството за правда се вели дека се подготвени да ги имплементираат принципите

Објавил: Узунов Бобан | 26 март, 2019 10:14

Власта ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за СЈО ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Во вчерашното соопштение на Министерството за правда се вели дека се подготвени да ги имплементираат принципите за кои се залагал и преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ. Дали  средбата на Мицкоски со осумте одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ влијаеше врз министерството за правда да драстично да го промени тврдиот став за бескомпримисни преговори со ВМРО-ДПМНЕ ?

И дали осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои пресудија за името на Македонија, ќе и пресудат и на Катица Јанева и нејзиниот тим и ќе ја испратат во историјата ? 

Министерката за правда Рената Дескоска во претходните изјави ја убедуваше јавноста дека нема да преговара за апстракни работи кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, за сега преку соопштение да каже дека се спремни за развивање на овие принципи кои ги има во дописот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Соопштението на Министерството за правда во целост:

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе достави конкретни амандмани, ќе има нова средба да се разгледаат. Апстрактни дебати за толкување на принципи во овој момент значат губење време, а во овој момент временските рокови нè газат. Закон за Јавно обвинителство со одредба согласно нивното барање сите постапки кои не се отворени до 30 јуни 2017 да престанат и сите докази да паднат во вода би значело амнестија. За тоа, простор во законот нема“, изјави Дескоска средбата со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда.

Имајќи го во предвид интересот на јавноста за Законот за Јавното обвинителство, Ве известуваме дека Министерството за правда продолжува со консултации со политичките партии и пратеничките групи од опозицијата.

Воедно, потсетуваме дека поддршката за Законот за Јавното обвинителство е клучна за отварање на преговори за членство во Европската Унија.

Законот кој е во собраниска процедура ги имплементира сите меѓународни стандарди кои се однесуваат на областа на јавното обвинителство и значат заштита на човековите права, кои ја зајакнуваат независноста, неутралноста, отчетноста и ефикасноста во борба со криминалот од страна на обвинителството.

Определбата за заштита на овие принципи, не е само определба на Министерството за правда, туку и на Република Северна Македонија која произлегува од нашето членство во Советот на Европа и аспирацијата за членство во Европската Унија.

Спремноста за развивање, но и целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, е не само обврска на Владата на Северна Македонија, но треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чија ориентација е европската интеграција.

Во оваа прилика, потсетуваме дека ги очекуваме амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог Законот за Јавното обвинителство, со цел заедничко носење на законот кој ќе овозможи практично имплементирање на сите меѓународни принципи за работа на јавното обвинителство.

Секако, уште еднаш потсетуваме дека само закон кој ќе овозможи ефикасна борба против криминалот и корупцијата и кој нема да содржи скриена амнестија, ќе може да ги отвори вратите на Европската Унија.  

Преговарачот од страна на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека дека секој обвинител кој сега работи во СЈО треба да има еднакво право како секој обвинител кој сега работи во основно или републичко обвинителство да конкурира и според мерит систем на вредности да биде избран или да не биде избран како дел од тоа специјално одделение во државното обвинителство”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...