Анѓушев по докази дека автопатот е целосно исправен, го моли кинескиот изведувач Синохидро да се откаже од активирање на казнени клаузули поради стопирани работи

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 6:26

Власта излажа, трасата на автопатот Кичево – Охрид сега е исправна?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи да се гради по истата траса а во октомрви ќе се знае колку дополнителни пари ќе бидат потребни за тој да се заврши.

Со предлог закон што владата го достави до пратениците, ќе се ослободат 205 милиони евра од кредитот на Ексим банка и ќе се користат за изградба и поправка на делови од автопатот, кои или ги немало во проектот.

Договорено е кинескиот изведувач Синохидро да се откаже од активирање на казнени клаузули поради стопираните работи на автопатот, но да се намали разликата во цените кои се движат и до 56 %.

„Тие разлики, ќе ги намалиме до 10 % значи заштеди од 46 % за дополнителни работи што ќе следат а се предизвикани од плус клучки, нова технологија за тунелот“ – вели вицепремиерот Кочо Анѓушев.

За изградба на тунелот, Синохидро побарал дополнителни 152 милиони евра, но се очекува сумата да се намали за 30-тина милиони евра со што вкупните заштеди би достигнале 80 милиони евра. Изградбата на автопатот беше во застој речиси една година поради погрешна проектна документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација и траса што минува над резорвоарот со вода за Кичево, иако сите анализи покажаа дека наодите се исправни и трасата нема отстапки од проектот.

Третиот анекс планиран за следниот месец до денарче како што вели владата ќе ги објасни ставките како ќе се трошат парите. Автопатот почна да се гради во 2014 и требаше да чини 400 милиони евра. Новите рокови се дека ќе биде готов во 2021 година.

СДСМ во јуни – јули 2017-та година постојано повторуваше три нешта.

Проектот за автопатот Кичево – Охри е згрешен. Трасата за автопатот Кичево – Охрид е промашена. На одредени места има обрусување и нестабилност на косините. И овој капитален проект, за кој се покажа дека нема фалинки, беше предмет и на Специјалното Јавно обвинителство за криминал и корупција при изградбата кога беше повикана и Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести