четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



И по завршување на мандатот на Љубомир Јовески кој за три месеци оди во пензија, процедурата за негов наследник според Маричиќ треба да остане иста.

Објавил: Владо Марин | 25 септември, 2020 20:10

Власта не го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за обвинител на предлог на опозицијата

Фото/Текст извор: ©канал 5

Изборот на државен јавен обвинител е на предлог на Владата и така треба да остане – министерот за правда Бојан Маричиќ е против политички договор за ова прашање кое повторно го актуелизира опозициската ВМРО ДПМНЕ. 

И по завршување на мандатот на Љубомир Јовески кој за три месеци оди во пензија, процедурата за негов наследник според Маричиќ треба да остане иста.

– Владата го предлага јавниот обвинител, а дека Собранието го избира со апсолутно мнозинство, така што за тоа да се промени треба да се промени Уставот. Мислам дека сега не е време за тоа. Не веруваме дека е добар начин избор на обвинител со политички договор. Имавме едно искуство пред неколку години со СЈО, кое што потоа опозицијата го критикуваше, вели Бојан Маричиќ – министер за правда.

Власта бега од непристрасен обвинител кој ќе ги гони вистинските криминалци – одговорија од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму велат на СДСМ им одговара обвинител кој штити незаконски тендери кои ги поврзуваат со високи владини функционери.

-На мафијата на власт им одговара јавен обвинител кој што ќе ја штити мафијата слободно да царува и јавен обвинител кој што јавно ќе искаже целосна субјективност и загубена објективност кој што се потребни и основни карактеристики на еден јавен обвинител, потребен им е јавен обвинител кој што ќе вели дека опозицијата му предизвикува анксиозност, непријатност и нервоза. Тоа е вистина но и причината зошто некои личности во моментот се гонат, а некои се ослободуваат од судските нарачани процеси,истакна Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Кој да го има правото на предлог-обвинител е тема за која со години СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не можат да најдат заеднички јазик. Кога СДСМ беше во опозиција побараа тие да се предлагачи, а тогаш владејачката ВМРО ДПМНЕ не се согласи.. Исто е и сега кога нивните улоги се сменети.

Сепак, и новиот закон за јавно обвинителство кој пратениците ВМРО ДПМНЕ не го гласаа токму поради ова, пропишува избор на шефот на обвинтиелството со шестгодишен мандат по предлог на Владата и на крај 61 глас во Собрание

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.