Се заоструваат односите помеѓу Владата и ИВЗ

Објавил: Узунов Бобан | 24 април, 2019 8:42

Власта со притисок врз ИВЗ и Реџепи поради слабиот одзив на албанскиот електорат за претседателските избори ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Исламската верска заедница по зборовите на реисот Сулејман Реџепи и Владата се во отворен судир, а вчера во тензична атмосфера имаше обид за избор на нов поглавар на ИВЗ Скендер Бузаку. Од каде потекнува судирот на Владата и ИВЗ и дали истиот е политички ? 

Во предвечерието на почетокот на изборната кампања, ИВЗ испрати ултимативно писмо до Владата во кое бараше во рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на вакувскиот имот, или пред почетокот на кампањата ќе ги информира муслиманските верници во 700-тини џамии дека се води бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на ИВЗ.


Симпматично е што помеѓу двата изборни круга на претседтелските избори, кога во принцип политичките тензии во општеството се на повисоко ниво  и во ситуација на затегнати односи помеѓу Владата и ИВЗ се прави обид за промена на поглаварот на ИВЗ. Дали очекувањата за поголем број на албански гласови за Стево Пендаровски и пасивноста на Сулјеман Реџепи ја зацврстило одлуката на власта за ваков чекор ? 

Дали слабиот одзив на албанскиот електорат во цела Македонија на првиот круг од претседателските избори беше реализација на заканите од ИВЗ дека во предизборниот период ќе ги информира муслиманските верници за дискриминатороскиот однос на Владата кон ИВЗ ? 

И дали вчерашниот обид за превземање на ИВЗ е возвраќање на ударот од страна на Владата со цел воспоставување на контрола на оваа верска институција и испорачување на посакуваниот резултат за вториот круг претседателски избори ? 


Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме, изјави вчера поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со што потврди дека ИВЗ и Владата се во отворен судир. 

Според објавените информации во решение на Основниот суд Скопје II граѓански суд пишува дека во Службен весник треба да се запише промената на поглаварот на Исламската верска заедница и во единствениот регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи да се запише промената на функцијата реисул улема. 

По кои процедури и законски основи е избран и запишан во судот новиот реис на ИВЗ Скендер Бузаку  јавноста остана неинформирана

Според овој документ, нов реисул улема на Исламската верска заедница е лицето Скендер Бузаку од Скопје, Средно Коњари. Оваа одлука е од 17 април, а се реализира помеѓу двата изборна круга на претседателските избори. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести