Дали ќе се менуваат изборните модели во Македонија ?

Објавил: Узунов Бобан | 8 јуни, 2019 14:09

Власта фаворизира пропорционален изборен модел со отворени листи, на помош и Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин

Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропрционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчпо Николовски кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ. 

ПРОПОРЦИОНАЛЕН МОДЕЛ
Kога се применува пропорционалниот изборен модел, кандидатите или политичките партии кои добиле најмногу гласови учествуваат во распределбата на мандатите.Во овој случај гласачот гласа за листа на кандидати (листа на политичка партија, коалиција или независни кандидати). Значи, кандидатите добиваат онолку мандати колку што добила гласови нивната предложена листа.Во случај некое пратеничко место да се испразни, истото се пополнува со друго лице кое се наоѓа на листата. Во Р Македонија пропорционалниот изборен модел се применува при избор на пратеници во собранието на Република Македонија и при избор на советници во општините.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

-Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. Сакаме да ги вклучиме и граѓаните во носењето на одлуки, напомена Николовски по доделувањето на решенијата за поддршка на руралниот развој во општините.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, соопшти дека дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот кабинет за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.