ВИП Арената Борис Трајкоски е преполна до последното место. Влатко Лозаноски излезе на сцената и го започна својот прв солистички концерт во кариерата.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 23:55

Влатко Лозаноски на вечерашниот концерт до последно место ја наполни салата Борис Трајковски

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во тек е првиот голем солистички концерт на Влатко Лозаноски во ВИП Арената „Борис Трајковски“. 

ВИП Арената Борис Трајкоски е преполна до последното место. Влатко Лозаноски излезе на сцената и го започна својот прв солистички концерт во кариерата.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Публиката ги пееше со него, сите негови хитови. Има публика од цела Македонија, а најмногу од неговиот роден град Кичево. Секакви генерации го слушаат неговиот прекрасен глас, а концертот се уште е во тек…

Ова лето ќе се памти“, „Жена како ти“ „Мандарина“ и уште неколку весели песни ги разиграа фановите а концертот почна со „Километри“, и „Јако, јако“.

„Не верував дека има надеж, дека некогаш ова ќе ми се исполни. Вие ми докажавте дека има надеж“, рече Лозано, кога ја најави песната „Надеж“.

Еден од најемотивните моменти се случи на „Сонце не ме грее“, еден од првите хитови на Влатко, кога сите ги отворија мобилните телефони и вип арената светеше како ѕвезди на небото.

Некс Тајм се придружи на сцената. Во вториот дел и Лозаноски почна да пее заедно со нив. И ова е еден од моментите кој долго ќе се памети.

Некст тајм“ се придружи на сцената. Уште кога почнаа да ги пејат првите стихови од „Ја излези Ѓурѓо“ публиката ги надвика со пеење, а најголемото лудило настана кога Лозано им се придружи во вториот дел од песната. 

Тој изјави дека долго го чекал вистинскиот момент за голем солистички концерт, бидејќи според него  тоа требало да се случи кога еден артист ќе собере доволен број песни, хитови, кога ќе се изгради како целосен изведувач.

Лозаноски изјави дека не дека претходно немал настапи, напротив, настапувал низ цела Македонија и надвор од неа, но рече дека токму сега е моментот да се собере публиката на едно место.

[ngg src=”galleries” ids=”4″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...