Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 16:35

Влез во Бугарија за македонски државјани само со негативен ПЦР тест

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска Бугарската Влада извести дека делумно ќе ги олесни мерките за влез во државата за пет земји, меѓу кои и Македонија.

За влез во Бугарија македонците ќе треба да приложат негативен ПЦР тест, кој е главен услов за влез во државата.

Освен од Република Македонија, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.

Исто така на полноќ, во Австрија стапија во сила нови мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите балкански земји.

Новите мерки значат дека патниците мора да покажат негативен ПЦР тест на границата, кој не смее да биде постар од три дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.