Во текот на минатата недела пријавени биле и 1 247 реинфекции, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти.

Објавил: Македонка Димкин | 19 јануари, 2022 9:22

Влошена епидемиолошката состојба во земјава, расте бројот на новозаразени и реинфекции

Фото/Текст извор: ©магазин

Според извештајот на ИЈЗ во периодот од 10 до 16 јануари за една третина е зголемен бројот на нови случаи на ковид-19, споредено со претходната седмица кога биле дијагностицирани 11 123 лица позитивни на ковид, од 45 401 направени тестирања, а зголемен е и бројот на реинфекции кои во минатата недела биле пријавени 1 247, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 10 до 16 јануари за една третина е зголемен бројот на нови случаи на ковид-19, споредено со претходната седмица кога биле дијагностицирани 11 123 лица позитивни на ковид, од 45 401 направени тестирања.

Од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените во земјава или 5 630 се од Скопје. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, а најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години.

Во текот на минатата недела пријавени биле и 1 247 реинфекции, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува и дека во периодот од 10 до 16 јануари имало 55 смртни случаи од ковид-19, што е за 34,1 отсто повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и се луѓе над 60 години.

На болничко лекување, пак, се 439 лица што е една четвртина повеќе во споредба со претходна недела.

Омикрон сојот во земјава е откриен во седум градови и тоа Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.