ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на уставото име на РМ , промената на идентитетот, на историјата.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 23:09

ВМРО-ДПМНЕ бара да се распишат вонредни парламентарни избори

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

“ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се распушти Собранието и да се распишат вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските.
Ова вечерва го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако претходно Собранието ги усвои уставните измени, кои произлегуваат со Договорот од Преспа.”

Мицкоски на прашањето кои се следите чекори и планови на ВМРО ДПМНЕ одговори дека тоа ќе се види во периодот што доаѓа, а нема да ја исклучи ниту можноста за бојкотирање на Парламентот на Република Македонија.

-Според законските прописи и врз основа на минатото искуство на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Потребни се избори на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, народот ќе каже каква Македонија сака сака Северна Македонија на Заев, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана, рече Мицкоски.

Мицккоски дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на уставото име на РМ , промената на идентитетот, на историјата.

-Сите опции се отворени. Ова што денеска се случи е црн петок за Република Македонија, за граѓаните, за македонскиот народ, за македонската нација, додаде тој
-Тој став е непроменет и конзистентен и се темели на партиската идеологија, програма, резолуции, акти, документи е е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумот на 8 септември 1991 година и на 30 септември 2018 година. Одлуката за промена на името, идентитетот, културата, образованието, историјата е одлука на 81 пратеник, но не е одлука на македонските граѓани. Со ваква одлука се суспендирра волјата на граѓаните и самиот начин и постапките до кои се дојде со сето ова е чин на предавство, нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.