Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана, а ќе биде спроведувана неправдата?

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 септември, 2020 15:46

ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото независен весник

Правосудниот систем во Република Македонија е уништен.Зоран Заев и неговите партиски послушници кои управуваат со правосудните органи наместо да носат правда, носат неправда врз обичниот граѓанин.
Наместо слепа правда, гледаме слепи правосудни инстанци во Република Македонија кои не сакаат да ги гледаат фактите при носење на пресуди и одлуки, се прават слепи. Очигледно не е слепа правдата, туку слепи се институциите и власта.Граѓаните се сведоци дека со државата управува мафија, а на мафијата им се потребни послушни институции и правосудни органи, посочи на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Јавноста се крена на нозе поради пресудата која пред два дена повторно ја стави под голема лупа работата на судството. Пред две години Васил Ч. од Тетово на улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Млечен ресторан во Скопје помина преку две линии со својот џип „ситроен“ удри во мотор, по што загина возачот, а неговата бремена сопруга го загуби детото. Судијката Елена Јосифовска од Кривичниот суд во Скопје пред два дена пресуди двегодишна условна казна за сторителот на делото, наведувајќи ја како главна олеснителна околност дека обвинетиот ја признал вината.

Правдата за сообраќајната несреќа кај млечен ресторан не е задоволена. Задоволена е неправдата и задоволена желбата на обвинетиот за убиство при сообраќајна несреќа на еден млад човек, загрозена животна опасност на бремена жена и убиство на едно неродено дете.
Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана, а ќе биде спроведувана неправдата?
Бараме, целосна ревизија на судската пресуда за оваа сообраќајна несреќа со смртни последици. Ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство едноставно да добие на некој начин правда на своја страна. Иако имаат огромна загуба.Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега.

Димче Арсовски потсетува дека ова не е прв случај на неправда, наведувајќи дека неодамна беше пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда.

Ниту Маричиќ, ниту Зоран Заев, ниту па било кој од СДСМ нема ниакво право, ниту пак кредибилитет да говори за прочистување на судството, од едноставна причина затоа што во правосудните инстанци во моментов владеат корупција, непотизам и тотална контрола од страна на СДСМ, власта и Зоран Заев.
Маричиќ, кој во правосудните институции наназад со години има свој семеен претставник на највисоките функции, дали тоа било неговата сопруга како шеф на кабинет, дали неговиот родител, тој самиот исто така сега на позицијата министер, немаат никакво право да говорат за прочистување.
Зошто? Од едноставна причина, за тоа што прочистувањето и ветингот треба да почне токму од нив.
Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната Влада која носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести