Преку соопштение до јавноста советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бара од градоначалникот Петре Шилегов огромната сума од 100 илјади евра наменети за новогодишната прослава, да бидат пренаменети и донирани во хуманитарни цели.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 16:48

ВМРО-ДПМНЕ бара 100.000 евра наменети за Мерлин, да се донираат во хуманитарни цели

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако пред неколку дена градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека залудно е револтот на граѓаните, бидејќи новогодишната прослава која ќе биде на плоштадот “Македонија” е одрганизирана од спонзорски а не од буџетски пари. Јавноста реагираше за сумата од 100.000 евра која ќе му биде платена на Дино Мерлин за да ги забавува скопјани за новогодишната ноќ.

„Почитувани непочитувачи, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски).А колку чини среќата на Скопјани ?напиша Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Пилегов се огласи по објавата на Курир.рс дека за Новогодишната ноќ скопјани за 100.000 евра ќе ги забавува Дино Мерлин. Тој на својот Фејсбук профил објави реакција и напиша дека Дино Мерлин нема да биде платен со буџетски пари туку со спонзорски.

По ова со реакција се огласи и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку соопштение до јавноста советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бара од градоначалникот Петре Шилегов огромната сума од 100 илјади евра наменети за новогодишната прослава, да бидат пренаменети и донирани во хуманитарни цели.

Во ситуација кога владее сиромаштија и илјадници граѓани молат за донации, недозволиво е главниот град да се расфрла со скапи и луксузни прослави за новогодишната ноќ.  Скандалозно е што Шилегов молчи за една ваква хумана идеја.Воедно го повикуваме Шилегов да ги објави бизнисмените кои донираат 100 илјади евра само за една ноќ. Должност е на Шилегов да биде транспарентен и отчетен пред граѓаните бидејќи тие имаат право да ја знаат вистината за оваа огромна сума на пари.стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека кога веќе Шилегов имал моќ да убеди бизнисмени да донираат 100 илјади евра за еден ден, зошто тоа не го сторил претходно за подобрување на градот и за помагање на граѓаните на Скопје?

Јавноста треба да знае како прославата која требаше да биде бесплатна одеднаш стигна до сума од 100 илјади евра, но и на што се потрошени 300 илјади евра за китење на градот и дали тоа не можеше да се стори со помалку пари.Исто така Шилегов треба да каже колку пари ќе го чинат градот изведувачите кои настапуваат  на Винтерленд и дали заедно со 400 илјади од новогодишната ноќ и китењето на градот, вкупната сума ќе чини повеќе од половина милион евра. Молкот на Шилегов за донирање на 10-0те илјади евра кажува дека стојат лукративни интереси.

Како Советничка група го повикуваме Шилегов доколку сака да предизвика насмевки кај граѓаните да им помогне на тие на кои навистина овие пари им се потребни. Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести