Мицкоски на прес конференцијата која ја одржа пред два дена ги повика граѓаните на протестот, кој според него е потребен бидејќи е време за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 10:23

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на масовен протест против поскапувањето на струјата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави масовен протест кој ќе започне вечерва во 18 часот а е против зголемувањето на цената на струјата.

Мицкоски на прес конференцијата која ја одржа пред два дена ги повика граѓаните на протестот, кој според него е потребен бидејќи е време за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот.

– Наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен. Протестот ќе започне во 18 часот пред Министерството за правда и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и ќе бараме да се врати цената на струјата по старо – рече во понеделникот Мицкоски на прес конференција.

Мицкоски исто така ги повика и опозициските партии и невладините организации и поединци на формирање опозициски фронт против власта.

– Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме – рече Мицкоски.

Протестите како што посочи ќе бидат мирни и со цел ВМРО-ДПМНЕ намалување на струјата и богатење на грбот на народот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести