Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2021 20:49

ВМРО ДПМНЕ: ВЛАСТА НА ЗАЕВ СО СПЕЦИЈАЛЦИ ТЕПА ЛУЃЕ НА КАРНЕВАЛ, КОИ ГО ИСМЕВААТ ЛОШОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА СДСM

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ. Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и на Заев е нула.

Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Под наредба на Заев денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаше, апсеше и малтретираше граѓаните кои учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица.
Тоа што не успеале разни поробувачи, во окупации и во комунизмот му успеа на Зоран Заев, да го прекине канревалот со ќотек и апсења.

Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци.

За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира.

Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев.

За се следува казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести