Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 декември, 2021 10:49

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја стопира продажбата на Славија

Фото/Текст извор: ©магазин

Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони.

Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста ја спречија.

Само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра. Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра.

Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.

Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика