Наќе Чулев е професионалец од Агенција за разузнавање со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 16:09

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за прв човек во МВР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Наќе Чулев, е новиот предлог за технички министер за внатрешни работи на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, објави Курир.мк.

Наќе Чулев е професионалец од Агенција за разузнавање со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Претходно во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.

Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави. Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.

Тој е ново лице во политиката, но не и во секторот на безбедносни прашања. Тој работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.