Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат. Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат.

Објавил: Владо Марин | 20 септември, 2020 12:05

ВМРО-ДПМНЕ: Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако СДСМ го зголеми долгот за 1 милијарда евра и наместо тие пари да одат за поддршка на бизнисот направи брутален поткуп и талибански избори сега срамно најавува нов пакет на мерки.

Впрочем неспособната влада на Заев излажа за мерките и од претходниот пакет каде вети и не исполни викенд без ДДВ, вети и не исполни 150 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија, вети и не исполни бескаматни кредити со 30 проценти грант, вети и не исполни државна гаранција за кредити итн.

Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат. Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат.

Новите мерки кои ги најавува Заев откако не ги реализираше ниту претходните се ништо друго освен параван за крадење додека јавноста ќе ја лажат дека помагаат.

Едноставно прашање, ја задолжија државата за една милијарда евра, но кому помогнаа?

Нека набројат една сфера каде има задоволство и позитивни резултати од преземените мерки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести