Ете ова е цената која ја плаќаат граѓаните заради криминалот на заевизмот.

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2022 10:40

ВМРО-ДПМНЕ: Народот глава го боли – поскапеа струјата, парното, метанот

Фото/Текст извор: ©магазин

Народот го боли глава од Ковачевски, пиунот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Заевизмот и пиунот Ковачевски им го загорчија животот на граѓаните со поскапувањата кои ги испорачаа како новогодишна честитка.

Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки. Заевизмот само во рок од една и пол година поради неспособноста, криминалот и неодговорноста во енергетскиот сектор ја покачи струјата за 40%.

 Дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%. Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени.

Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје.

Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи.

Ете ова е цената која ја плаќаат граѓаните заради криминалот на заевизмот.

 Одговорност за ова мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика