„Предлогот на Зоран Заев за Вилма Рускоска да раководи со новото Обвинителство или како што ја нарече нов Специјален јавен обвинител е потврда на спрегата меѓу СДСМ, неа и институцијата.

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 20:13

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА: “Вилма Рускоска е личен избор на премиерот Зоран Заев„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот Вилма Рускоска да го води новото специјално обвинителство е како што изјавуваат, е далеку од прифатлив.

ВМРО ДПМНЕ е против изборот на обвинителката, Рускоска бидејќи смета дека е личен избор на премиерот Зоран Заев.

Прифаќаме Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) да се спои со Јавното Обвинителство (ЈО), но не прифаќаме Вилма Рускоска да раководи со новата институција, изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Предлогот на Зоран Заев за Вилма Рускоска да раководи со новото Обвинителство или како што ја нарече нов Специјален јавен обвинител е потврда на спрегата меѓу СДСМ, неа и институцијата. Предлогот наместо Катица Јанева да биде Вилма Рускоска е негов лична одлука и избор на личност што сиот изминат период работела за интересите на оваа Влада и на партијата“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Додека пак во соопштението на СДСМ стои дека сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО. Тоа е во интерес на граѓаните и државата. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот. Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата“ .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.