Блокадата, како што најавија, ќе трае се до распишувањето предвремени парламентарни избори. Најголемата опозициска партија најави дека и покрај блокадата на Парламентот, сепак ќе учествува во дебатата за ребаланс на буџетот.

Објавил: Мате Парлоф | 9 мај, 2022 17:03

ВМРО-ДПМНЕ од утре со активна блокада на Собранието се до распишување предвремени избори

Фото/Текст извор: ©слободна европа/магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партии донесоа едногласна одлука за започнување на блокадата на Собранието од утре.

Блокадата, како што најавија, ќе трае се до распишувањето предвремени парламентарни избори. Најголемата опозициска партија најави дека и покрај блокадата на Парламентот, сепак ќе учествува во дебатата за ребаланс на буџетот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес конференција истакна дека зад оваа одлука стојат четири причини – економија, здравство, образование и меѓународна политика.

„Активната блокада е последица, реакција на акцијата на Владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ, кои што не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност за дијалог по најважните прашања во оваа држава“, изјави Мицевски.

Разговорот за датум за предвремени парламенатрни избори меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, според Мицевски, е најдобро природно решение за решавање на проблемите во овие четири сегменти.

“Понудата на ВМРО-ДПМНЕ опфаќа решенија и разговор за предвремени избори не е шведска маса во која премиерот може да се служи само со работи кои нему му одговараат. Ова е процес кој што ќе трае и ние сме подготвени да одиме до крај, затоа што мораме да ја осигураме иднината на нашите граѓани“, рече

Собранието е првата институција која ќе биде под опозициска блокада, рече координаторот, а ребалансот на буџетот најавен за јуни нема да биде под опструкција од опозицијата.

„ Активно ќе бидат блокирани само штетните законски политики“ изјави Мицевски и додаде дека утре ќе го прецизира точниот број на закони кои треба да влезат во Собрание, а ќе бидат опструирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани