ВМРО - ДПМНЕ не се согласува со промената на Уставот, со цел промена на идентитетот на државата и останува против договорот од Преспа

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2018 20:12

ВМРО-ДПМНЕ останува против промена на идентитетот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По вчерашната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, Мицкоски се враќа со впечаток дека власта пред меѓународната заедница создава погрешна слика за дејствувањето на македонската опозиција.

-Впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ применувало насилни методи, дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува, ги уценува луѓето во Република Македонија, што апсолутно не е точно. Имав можност да ја претставам и нашата страна, нашето гледиште на работите во Република Македонија, како ВМРО-ДПМНЕ делуваше, но и како ќе делува во иднина. ВМРО-ДПМНЕ останува противник на договорот од Преспа, односно на целокупниот овој процес на промена на Уставот, со цел промена на името и идентитетот на државата се разбира. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки и методи да се спротистави на овој процес, рече Мицкоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.