Партијата обвинува дека Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и бил најпотребен.

Објавил: admin@magazin | 18 септември, 2022 17:16

ВМРО-ДПМНЕ открива: Ковачевски дезертирал од АРМ како трајно неспособен

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од војска во 2001-ва година, прикажувајќи се за трајно неспособен – опозициската ВМРО ДПМНЕ објави скандал за првиот човек на македонската влада.

Партијата обвинува дека Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и бил најпотребен. 

Според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во АРМ.  Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан.  Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? , вели пратеникот Драган Ковачки.

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за владејачката партрија биле измислици и обид да се прикриел расколот во опозицијата. Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски наместо да одговори на обинувањата, побара лидерот на опозицијата Мицкоски да даде одговори за тендерот од 136 милиони евра за прочистителни станици.

-Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања, вели Каевски.

Опозицијата му даде рок од 24 часа на премиерот Ковачевски да одговори на ваквите обвинувања и да каже како што велат , да каже дали лажел пред институциите и лекарите за неговата здравствена  состојба. Бараат Ковачевски да се повлече од позицијата, а СДСМ да одговара за неговото назначување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.