Од таму се додава дека Македонија е препуштена на аматери кои глумат држава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 февруари, 2022 5:52

ВМРО-ДПМНЕ по „упадот“ на грчки хакери: Решето влада, решето безбедносен систем…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ доцна вечера вечер испрати соопштение во врска со „упадот“ на грчки хакери во Министерството за образование и наука.

Според нив, постигнато е „уште едно дно на оваа влада на Ахмети и двојниот пиун Ковачевски“.

Грчки хакери гледале низ безбедносните камери во МОН и македонската влада. Тоа покажува дека решето влада, донесе решето безбедносен систем. Како Ковачевски и Ахмети ќе се грижат и водат борба против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери. Како Спасовски ќе се грижи за безбедносниот систем кога главна преокупација му е како транспортна фирма блиска до СДСМ да го земе тендерот од 1 милион евра за редење сончеви панели. Како АНБ ќе спречи хакерски напад кога главен дострел заедно со МВР им е тоа што го затворија кафичот на нарко босот Шеваљ, и запленија кујнски нож, наместо да го уапсат и конфискуваат милионскиот имот стекнат од шверц на дрога“, велат од партијата.

Од таму се додава дека Македонија е препуштена на аматери кои глумат држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.