Европската народна партија е најголемото и најмоќно политичко семејство во ЕУ, со што се очекува идниот претседател на Европската комисија да биде нивниот кандидат

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 10:28

ВМРО – ДПМНЕ предводена од Мицкоски на конгресот на ЕПП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вчера започна работниот дел на Конгресот на Европската Народна Партија, каде што 758 делегати треба, меѓу другото, да го изберат Кандидатот на ЕНП (ЕПП) за Претседател на Европската Комисија.

Две носечки теми на приот работен дел од Конгресот биле „Просперитет за сите – повеќе раст и работни места” и „Предизвиците на Европа со миграција”.

На конгресот и самитот на ЕПП, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ оствари и низа протоколарни и неформални средби со претседатели на сестрински партии, актуелни премиери или претседатели на држави од ЕУ и регионот. (Јанез Јанша – поранешен премиер на Словенија)

Делегација на ВМРО – ДПМНЕ предводена од Претседателот Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев и советникот за надворешна политика Тимчо Муцунски, учествува во работниот дел на Конгресот.

Мицкоски оствари и средба со еврокомесарот за надворешно проширување, Јоханес Хан, кој истакнал:

Корисен разговор со лидерот на ВМРО  -ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Бев кристално јасен дека ратификацијата на Преспанскиот договор мора да биде финализирана брзо, без пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не ја опструира процедурата во парламентот. На европските интеграции им е потребна лојална опозиција.

На што добил и возвратна порака од Мицкоски.

Во суштина прашањето беше дали ќе бидеме насилни, на што одговорот беше дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки кои ги има на располагање во законодавниот дом и ќе продолжи да биде против Преспанскиот договор и уставните измени кои се во тек.

Конгресот на ЕПП се очекува да заврши со и избор на кандидат на ЕПП за иден претседател на Европската комисија, највисокото тело на Европската унија. (Љуљмиз Баша – поранешен градоначалник на Тирана, претседател на најголемата опозициона партија во Албанија)

Ден пред почетокот на Конгресот, кога се оддржа Политичкото Собрание на ЕНП, Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер кој најверојатно ќе биде кандидат на ЕНП за Претседател на Европска комисија.

Во текот на Конгресот Мицкоски ќе се сретне со голем број претставници на сестрински партии на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски синоќа присуствуваше и на Самитот на Европската народна партија, каде што учество земаат Претседателите, Премиерите и претседатели на опозиција на најголемото и најмоќно политичко семејство во Европската унија.

Мицкоски оствари средба со Хорст Зехофер, вице-кацелар на Германија, министер за внатрешни работи и лидер на владеачката ЦСУ.

Работен дел од ЕПП, Христијан Мицкоски, Петро Порошенко, претседател на Украина, Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Тој зборуваше со Зехофер за политичкиот прогон врз ВМРО – ДПМНЕ и состојбата на јужната граница на Република Македонија во врска со мигрантската криза, соопшти партијата.

Мицкоски имаше средба и разговор со Антонио Тајани, претседател на Европски Парламент, на кого му пренесе дека приоритет за ВМРО – ДПМНЕ и понатаму ќе биде ЕУ интеграцијата на Република Македонија.

Средба беше остварена и со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, со кого беше разговарано за состојбата во поширокиот регион и потребата од негова интегарација во ЕУ.

Мицкоски се сретна и со Хавиер Хуртадо Мира. Претседател на Демократска заедница на млади на Европа – DEMYC. Најголема организација на центар-десничарски политички подмладоци.

Свое присуство на Самитот веќе најавиле Ангела Меркел, Доналд Туск, Жан Клод Јункер, Себастијан Курц, Виктор Орбан, Андреј Пленковиќ, Јанез Јанша и Бојко Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...