Заев пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 10:12

ВМРО-ДПМНЕ: Пред три години Бујар Османи беше криминалец за Зоран Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави. Според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со поставувањето на Османи за шеф на преговарачкиот тим со Европската Унија.

Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните. Инклузивноста, како демократска вредност е целосно погазена од Зоран Заев, човекот кој ветуваше дебата за се, а сега по секоја цена уништува дури и најмала форма на дискусија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека остануваат на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика