Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното обраќање побара и предвремени парламентарни избори

Објавил: Узунов Бобан | 12 јануари, 2019 9:57

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ насилно го промена Уставот

Фото/Текст извор: ©магазин

СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешното обраќање побара и предвремени парламентарни избори

81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразен на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот.

„Народот, вие давате и земате власт. Затоа избори, избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност да каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев, во црнила, понижена и засрамена, или Македонија на народот, горда, напредна, почитувана. Овие црнила на Заев ќе бидат поразени на тие избори, а Македонија ќе победи и зората ќе ја огрее“-порача Мицкоски на синоќешното обраќање до јавноста.

Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.

Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.