Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

Објавил: Македонка Димкин | 18 јуни, 2021 13:22

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Фото/Текст извор: ©вмро-дпмне

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност.

Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до Бугарската влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог?

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата.

Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија.

Останува отворено кои се 5те историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори.

Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање, а како да си оди Заев со молба?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести