Настанот се оддржа во 18 часот пред СЦ „Борис Трајковски“, при што изјава за медиуми даде Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 ноември, 2020 21:10

ВМРО-ДПМНЕ со хартиени фенери оддаде почит на починатите од Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со хартиени фенери пуштени кон небото, опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва оддаде почит на починатите од Ковид-19 во земјата!

Настанот се оддржа во 18 часот пред СЦ „Борис Трајковски“, при што изјава за медиуми даде Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од ковид,луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе.

Тие не се тука поради неспособната Влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка. Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот“,порача Мизрахи.

„Секојдневно се држат прес-конференции на броеви. 195 починати за една недела, 1305 од почетокот на пандемијата во месец март. Но, Ковид- 19 не е статистика. Ова се луѓе, со име и презиме.

Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца. Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар“,порача Мизрахи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести