-Ако главната мерка за борба против ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка.

Објавил: Владо Марин | 9 октомври, 2020 9:40

ВМРО-ДПМНЕ: Целата влада да си поднесе колективна оставка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ вели дека новите предлог-мерки за заштита од ширењето на ковид-19 на Комисијата за заразни болести се неуставни, бидејќи според Уставот, полицијата може да влезе во нечиј дом само со одлука на Суд.

-Ако главната мерка за борба против ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка.
 
Ако Владата на Зоран Заев на владина седница ја одобри мерката предложена од партиската здравствената комисија тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот, а ако ја одбие тогаш Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кризата не ги затекна Заев и Филипче, тие знаеја дека ќе има уште пострашен удар од првиот бран, кој за жал кај нас е со продолжено траење, и не преземаа ништо во текот на летото за да ги зајакнат капацитетите на јавното здравство, се вели во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.