Тие ќе ја започнат преку собир на отворено кај Антички театар во Охрид, кој треба да започне вечерва во 18 часот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 септември, 2021 5:58

ВМРО-ДПМНЕ ја започнува својата изборна кампања во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе ја започнат изборната кампања за претстојните локални избори од Охрид.

Тие ќе ја започнат преку собир на отворено кај Антички театар во Охрид, кој треба да започне вечерва во 18 часот.

Изборната кампања ќе трае 20 дена, а ќе заврши на 15 октомври на полноќ.

Додека пак караванот „Најдоброто за мојата општина“ СДСМ денеска ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори, соопшти СДСМ.

Денешниот централен настан е закажан во Битола во 20 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар.

Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода, по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.

Караванот своите активности ги завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани