Мицкоски со порака до пензионерите

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2019 17:31

ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати покачувањето на пензиите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Власта врши притисок и ги казнува пензионерите со тоа што им го укина стандардното зголемување кое беше законски загарантирано и врзано со растот на инфлација, па сега нивните пензии не го следат растот на трошоците за живот, вели претседателот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Прес 24.

Мицкоски вети дека ќе им ги покачи пензиите на панзионерите

Сакам да посочам дека откако ќе се смени власта една од првите мерки ќе ни биде враќање на претходното законско решение каде на пензионерите ќе им загарантираме законско покажување на пензиите односно усогласување со инфлацијата и трошоците на живот. И покрај тоа што законски им следува ќе имаат и други покачувања на пензиите, но за процентите колку тие ќе растат ќе ги соопштиме кога ќе дојде време за тоа.

За притисоците врз администрацијата, Мицкоски вели дека Заев попусто ѝ се заканува на администрацијата, и додава дека секоја нанесена неправда, ќе ја исправат штом ќе дојдат на власт. Тој потенцира дека власта врши притисок не само врз административците, туку и врз земјоделците.

Има, особено се засилени во овој круг од изборите. Нема да говорам  само за оние суптилни закани, изживувања со дел од вработените во државната администрација на оние кои сакаат да му се додворат на партиското водство на власта, па тоа Заев го кажа од Велес, јавно се закани дека метлата ќе играла не само кај него туку и на другата страна. Тоа во превод би значело дека вработените во државната администрација треба да имаат на ум дека Заев може да ги избрка ако не гласаат како што он мисли дека треба, бидејќи нивната работа од него зависи тоа. Но јас ќе кажам дека заканувањето е знак на слабост, а и штом дојде до таму да се закануваат, значи знаат дека паѓаат. Готови се. Вработените во државна администрација нека си постапуваат согласно професионалните норми и регулативи и нема ништо да им фали. Сите оние кои власта безправно ќе ги избрка поради било каков притисок и реваншизам набргу по нашето доаѓање на власт ќе ги вратиме на работа тие луѓе на кои им било нанесено било каква неправда, а ќе има одговорност и за извршителите на таа неправда, рече Мицкоски.–

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.