За аферата "Големото око" се уште молк во СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 19 април, 2019 9:57

ВМРО: Заев и Пендаровски фатени живи како крадат лични податоци на граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин

-Заев и Пендаровски се во паника. Свесни дека губат во недела, посегнуваат по тоа што единствено го знаат, криминал и измами. Заев и Пендаровски се фатени живи како крадат лични податоци на граѓаните велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство молчи и со тоа создава огромен сомнеж дека власта го користи овој момент за прикривање докази. 

Вчера од опозицијата изјавија дека биле сведоци на пренос во живо на Твитер како се менуваат хард дисковите во серверот на СДСМ за кои постојат сериозни индикации дека складираат лични податоци на граѓани преземени со апликацијата „Избори 2019 година“ и побараа истрага од ЈО, подготвена од Социјалдемократскиот сојуз, обвини Шефот на изборниот штаб на Гордана Силјановска Давкова, Горан Момировски.

Доказ дека СДСМ брише докази е фактот што после обелоденувањето на аферата „Големото око”, апликацијата веднаш беше повлечена, па потоа вратена, а кружат информации дека е сменет и серверот на кој биле складирани украдените лични податоци.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство најитно да преземе мерки за пронаоѓање и санкционирање на инспираторите, нарачателите и извршителите на овој скандал што треба да заврши со узурпирање на волјата на граѓаните.  Очекуваме дека освен нарачателите, оние кои го осмислиле и оние кои го реализирале ова навлегување во приватноста и крадење на лични податоци, пред правдата ќе одговараат и оние кои помагаат да се сокријат трагите.

Сите инволвирани треба да знаат дека ваквите дела не застаруваат. Одговорност за ова ќе има.

Ова афера е само доказ како функционира СДСМ, криминогено.

Гласот за Стево Пендаровски е глас за криминалот. Република Македонија мора да тргне напред. Државата бара право и правдина. Во недела да излеземе и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова. За правда во Македонија, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести