Од ВМРО велат дека со доаѓањето на СДСМ на власт граѓаните не се еднакви пред законите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2019 14:02

ВМРО: Местото на Богоевски е во некоја казнено поправна установа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од опозициската партија ВМРО, велат дека правната  држава престана да постои откако СДСМ дојде на власт.

Правната држава престана да постои откако СДСМ дојде на власт

Од ВМРО велат дека со доаѓањето на СДСМ на власт граѓаните не се еднакви пред законите.

Правната држава во Македонија СДСМ ја укина, граѓаните веќе не се еднакви пред законите. За функционерите од власта истите закони не важат.Обид за замајување на јавноста со единствена цел народот да го занемари фактот дека до обвинителството се уште не допре гласот, за тоа како Богоевски порачува нелегална психотропна супстанца, стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО додаваат дека оставката на Павле Богоевски е пример за манипулација.

Оставката на Павле Богоевски која е класичен пример на манипулација на граѓаните не го затскрива сторениот енормен криминал на Зоран Заев.Наместо само оставка, Павле Богоевски треба да одговара пред законот. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка.

Во соопштението на ВМРО стои дека Богоевски не е за во политиката, туку дека тој треба да биде во казнено поправна установа.

Богоевски докажа дека неговото место не е во политиката исто како и на неговиот ментор Заев. Местото на Богоевски е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.